ПЕЈЗАЖ НА ВОЗНЕМИРЕНОСТ – 11 КРИТИЧНИ ЖЕШКИ ТОЧКИ во Република СевернаМакедонија

Вечерва во Музејот на современата уметност, во 19 часот ќе биде промовиран настанот „Пејзаж на вознемиреност – единаесет критични жешки точки во Република Северна Македонија“, во чии рамки е предвидена промоција на публикација, изложба на фотографии и презентација на проф. д-р Трајче Стафилов и Тихомир Топузовски

 Настанот е резултат на неколкумесечното истражување и изложба со
истоимениот наслов и се однесува на Република Северна Македонија како
една од земјите на Западен Балкан кои претставуваат средиште на
загадувањето во Европа, пред сѐ, поради застарените фабрики за јаглен,
автомобилите, неисправните индустрии, како и енергетската сиромаштија
на населението. И низа други фактори кои во континуитет го загадуваат
воздухот, водата, загрозувајќи го севкупниот биодиверзитет на земјата,
предизвикувајќи негативни влијанија врз животната средина и здравјето
на граѓаните.

 Публикацијата е дел од проектот „ПЕЈЗАЖ НА ВОЗНЕМИРЕНОСТ- КУЛТУРА И
УМЕТНОСТ ЗА ИДНОТО КОЕГЗИСТИРАЊЕ СО ЕКОЛОШКИТЕ КРИЗИ И КЛИМАТСКИ
ПРОМЕНИ’ и започнува со објаснување и визуализирање на таканаречените
жешки точки на Македонија, односно антропогеоморфолошки пејзажи, каде
нивната ургентност за решавање произлегува од критериумите како
количеството на отпад, токсичноста, близината до населените места и
концентрацијата на опасни хемикалии. Во продолжение, се прикажани
работилниците кои беа дел од проектот, реализирани во Велес, Битола и
Преспа, со цел подигнување на свеста и мобилизација на граѓаните околу
прашањата на локалните девастирани животни средини; и третиот дел се
однесува на изложбата во Музејот на современата уметност во Скопје во
март 2023 година, која е создадена од сите учесници вклучени во
проектот, каде се истражуваа и практикуваа нови модели на соработка,
стратегии и иницијативи кои подразбираат заедничко дејствување.

 Изложбата ја градат фотографии од единаесет жешки точки лоцирани од
професорот Трајче Стафилов и кои се однесуваат на конкретни локации на
активни и затворени индустриски објекти кои генерираат отпад и ја
загадуваат животната средина со тешки метали. Единаесетте жешки точки
се рангирани по опасност на овие жешки точки, а критериумите се
количеството на отпадот што го создаваат, токсичноста, колку
локацијата е блиску до населено место, концентрацијата на опасните
хемикалии во отпадот, во каква форма се и други фактори.

 Во рамки на настанот свои обраќања ќе имаат и проф. д-р Трајче
Стафилов и Тихомир Топузовски.

 Фотографиите се авторство на Денис Сарагиновски, а целиот настан е
продуциран во соработка со кураторката Ивана Васева. Проектот е
поддржан од Фондацијата отворено општество – Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни