Универзални човечки приказни преку уникатниот визуелен јазик на Саура, Аменабар и Де ла Иглесија во неделата на шпански филм која ќе се одржи од 18 до 23 ноември во Кинотека на Македонија, претставува прекрасно патување низ различни епохи на шпанската кинематографија, претставувајќи класични и современи дела на некои од најпознатите режисери.
Оваа филмска недела, посветена на шпанскиот филм, ги обединува богатите теми и стилови од 1950-тите, преку револуционерната енергија на 1970-тите, до современите, постмодернистички визии од 2000-тите години.
Посебно внимание ќе биде посветено на делата на легендарните Карлос Саура, Алехандро Аменабар и Алекс де ла Иглесија.
Карлос Саура, еден од најзначајните автори на шпанската кинематографија, ќе биде претставен со некои од своите најпознати дела од 70-тите години. Саура ги користи филмот и танцот како медиуми за да ги изрази политичките и социјалните конфликти на своето време, истражувајќи ги шпанската историја и култура преку извонредни визуелни прикази и драматични елементи.
Неговите дела се длабоко вкоренети во шпанската култура, но истовремено универзално разбирливи, бидејќи ги истражуваат вечните теми на слободата, љубовта и страдањето.