Патувајте со воз низ Европа – бесплатно. Апликациите за програмата DiscoverEU се отворени
Ова е одлична можност за цели 30 дена патување без граници за секој што има 18 години и сонува за европска авантура, целосно бесплатно. Еве ги деталите.
Доколку имате 18 години, живеете во една од земјите на Европската Унија или земја што учествува во програмата Erasmus+, ова може да биде вашата можност за цел живот.
Апликациите за DiscoverEU, европската иницијатива што им овозможува на младите луѓе бесплатно да патуваат низ Европа со воз, се отворени од 30 октомври до 13 ноември!
Доколку бидете избрани, ќе добиете бесплатен билет Interrail што ви овозможува да патувате со воз низ Европа 30 дена, без пасош, без гранични контроли, со неограничена доза авантура.
Оваа година, програмата се одржува во чест на 40 години од Шенген зоната, што симболизира слобода на движење во рамките на Европската Унија.
Токму оваа слобода го овозможува DiscoverEU – без пасошки контроли, граници и ограничувања.
Кој може да аплицира?
Секој што има точно 18 години во моментот на аплицирање (роден помеѓу 1 јануари и 31 декември 2006 година)
Граѓани или жители на ЕУ и земјите што се дел од програмата Еразмус+ (Македонија е меѓу нив!)
Како да аплицирате?
Апликациите се поднесуваат онлајн преку порталот на страницата за европски млади
Треба да пополните кратка апликација и да решите квиз на знаење за ЕУ и нејзините програми
Каде ќе ве однесе DiscoverEU?
Од романтичните улици на Париз, преку музеите во Берлин и италијанските езера, па сè до песочните плажи на Португалија – DiscoverEU ви дава слобода да ја испланирате вашата сопствена рута, да пронајдете нови пријатели и да го запознаете континентот на уникатен начин.