Парижани денес гласаат дали уште 500 улици да станат пешачки зони

Граѓаните на Париз денеска гласаат на референдум за да одлучат дали ќе уште 500 градски улици ќе станат пешачки и зелени зони, што е нов напор на левичарската градска влада на француската престолнина да ја ограничи употребата на автомобили и да го подобри квалитетот на воздухот.
Фото: Chabe01, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Ова е трет ваков референдум во Париз во исто толку години, по гласањето во 2023 година со кое беше одобрена забраната за електрични скутери и минатогодишната одлука за тројно зголемување на таксите за паркирање на големите теренци.

„Во текот на изминатите 25 години, постепено го вративме јавниот простор за пешачки сообраќај, за лесен сообраќај, како и за зелени улици за да создадеме бели дробови во населбите, местата каде што живееме“, изјави заменик-градоначалникот Патрик Блоче за Ројтерс пред гласањето.


Податоците од градското собрание на Париз покажуваат дека сообраќајот со автомобили во градот е повеќе од преполовен откако социјалистите ја презедоа власта на почетокот на векот.

Под градоначалничката Ен Идалго, на функцијата од 2014 година, имаше значителна трансформација на улиците во градот. Податоците покажуваат дека од 2020 година се изградени 84 километри велосипедски патеки, а употребата на велосипеди скокнала за 71 отсто од крајот на карантините на КОВИД-19.

Доколку се изгласа, референдумот во недела ќе укине дополнителни 10.000 паркинг места во Париз, покрај веќе отстранетите 10.000 од 2020 година. Два милиони жители на главниот град ќе бидат консултирани за тоа кои улици ќе станат пешачки зони.

И покрај неодамнешните промени, Париз заостанува зад другите европски метрополи во однос на зелената инфраструктура, која вклучува приватни градини, паркови, улици со дрвја, вода и мочуришта, кои сочинуваат само 26 отсто од површината на градот во споредба со просечните 41 отсто за европските метрополи, според Европската агенција за животна средина.

Критичарите на промените велат дека мерките на градското собрание претставуваат се поголем предизвик за 10-те милиони луѓе кои живеат во предградијата, каде што мрежите на јавниот транспорт се помалку густи, да патуваат до работа и да купуваат во центарот на градот.

„Важно е да се знае дека градот Париз не е музеј. Тој сепак е град во кој луѓето работат, каде што работниците се принудени да се преселат, каде што луѓето од поширокиот париски регион мора да дојдат, каде што има продавници“, рече Филип Нозиер, шеф на здружението на сопственици на автомобили 40M.

Сопственоста на автомобил ја илустрира разликата помеѓу центарот на Париз и предградијата: само едно од три домаќинства во центарот поседува автомобил, додека две од три домаќинства во предградијата поседуваат автомобил. Со исклучок на Париз и неговиот регион, сопственоста на автомобили во Франција е 85 проценти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни