Папата: Запрете ја војната, цивилите се смрзнуваат во Украина

По серијата руски напади врз енергетската инфраструктура на Украина, над еден милион украинци се без електрична енергија и без греење

Папата Лав денес изјави дека континуираните руски напади врз Украина ги изложуваат цивилите во земјата на зимскиот студ и уште еднаш повика на прекин на четиригодишниот конфликт.

„Продолжените непријателства… имаат сè посериозни последици за цивилите“, рече папата Лео по неговата неделна молитва Ангел Господов. „Ги повикувам сите да ги интензивираат своите напори за да се стави крај на оваа војна.“

Инаку, по серијата руски напади врз енергетската инфраструктура на Украина, над еден милион украинци се без електрична енергија и без греење

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни