Папата со обраќање за Велигден: Се навикнуваме на насилство, стануваме рамнодушни

„Се навикнуваме на насилство, се помиривме со него и стануваме рамнодушни, рамнодушни кон смртта на илјадници луѓе, рече Папата


Папата Лав XIV, во својата прва велигденска порака, ги повика „оние кои имаат моќ да започнуваат војни“ да „изберат мир“, бидејќи најважниот празник во христијанскиот календар оваа година е засенет од конфликтот на Блискиот Исток.

Од Источен Тимор до Шпанија, католиците низ целиот свет го слават овој празник во спомен на Христовото воскресение, но неговиот радосен тон е пригушен поради војната меѓу САД и Израел против Иран и нејзините последици за регионот, вклучително и сериозните ограничувања за христијаните.

Во Ватикан, на плоштадот „Свети Петар“, украсен со мноштво цвеќиња и осветлен од силна сончева светлина, Лав XIV ја прослави велигденската миса за прв пат по неговиот избор во мај 2025 година, во свечена атмосфера придружена со труби и литургиски пеења.

За време на традиционалниот папски благослов „Urbi et Orbi“ (до градот и светот), тој ја осуди „рамнодушноста“ кон војната и нејзините последици.

„Стануваме рамнодушни“

„Се навикнуваме на насилство, се помиривме со него и стануваме рамнодушни. Рамнодушни кон смртта на илјадници луѓе. Рамнодушни кон последиците од омразата и поделбите што ги сеат конфликтите“ и кон нивните „економски и социјални последици“, рече тој.

Прекршувајќи ја традицијата што со години ја почитувале неговите претходници, Лав XIV не именувал ниту една земја или регион во криза низ целиот свет. Тој, исто така, најавил молитвено бдение за мир што ќе се одржи на 11 април на плоштадот Свети Петар во Рим, пренесува АФП.

Од централниот балкон на базиликата „Свети Петар“, тој потоа им посака на присутните „Среќен Велигден“ на десет јазици, вклучувајќи арапски, кинески, полски и латински, пред да заѕвонат камбаните.

Сенката на конфликтот на Блискиот Исток се надвисна над целата прослава на Страсната седмица. Во саботата навечер, за време на велигденското бдение, поглаварот на Католичката црква ги осуди поделбите создадени од „војната, неправдата и изолацијата меѓу луѓето и народите“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни