„Се надевам дека Хамас ќе го прифати во предвидениот рок. Во планот има многу интересни елементи,“ изјави папата за италијанските новинари при заминување од летната резиденција во Кастел Гандолфо.
Тој додаде дека е од суштинско значење да дојде до прекин на огнот и ослободување на заложниците.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно денеска соопшти дека Хамас има три до четири дена да одговори на предлогот од 20 точки, предупредувајќи дека доколку не биде прифатен, движењето ќе се соочи со „пекол“.
Предлогот на Белата куќа доаѓа по речиси две години војна, која започна со нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователната израелска инвазија врз Газа, во која загинаа десетици илјади луѓе.
Извор: N1info.rs