Папата повика да се дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа

„Да се стави крај на непријателствата, чија цена ја плаќаат децата, старите лица и болните“, истакна папата за време на аудиенција на плоштадот Свети Петар во Рим
EPA-EFE/VATICAN MEDIA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Папата Лав Четиринаесетти денеска повика да се дозволи влез во Појасот Газа на конвоите со хуманитарна помош.

„Го обновувам мојот апел да се дозволи влез на хуманитарна помош и да се стави крај на непријателствата, чија цена ја плаќаат децата, старите лица и болните“, истакна папата за време на аудиенција на плоштадот Свети Петар во Рим.

Тој рече дека ситуацијата во Појасот Газа станува сè позагрижувачка.

Инаку Израел со денови го блокира влезот на конвоите со хуманитарна помош наменети за Газа, додека во Појасот ситуацијата станува се потешка од ден на ден, има недостиг на бебешка храна, лекови, медицински помагала, а речиси два милиони жители се на работ на глад.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни