Папата Лав XIV првпат ќе прими католичко женско здружение што се залага за ЛГБТ права

Претставници на групата „Ние сме Црквата“ ќе учествуваат на Јубилејот на тимовите на Синодот во Ватикан кон крајот на октомври, се наведува во соопштението, пренесува АНСА.

Овој настан претставува преседан, бидејќи ова меѓународно движење има несогласувања со Ватикан по многу прашања – од ЛГБТ темата, преку поставување на жени, до браковите на свештениците и економските реформи.

Движењето било покането во Ватикан од кардинал Марио Грек, генералниот секретар на Синодот. Учесниците ќе поминат низ Светите врати и ќе имаат средба со Папата Лав XIV, пренесува и Ватиканскиот информативен портал.

Ватикан и понатаму се противи на жените свештенички и на бракот на свештениците, и наведува дека во обредите можат да учествуваат само хомосексуалци кои живеат во целибат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни