Папата Франциск ја посвети неговата неделна молитва на жртвите во јужнокорејската авионска несреќа

Папата Франциск денеска ја посвети својата неделна молитва на жртвите и семејствата на настраданите во јужнокорејската авионска несреќа, како и на сите оние кои страдаат поради војните во светот.

Тој упати сочувство до семејствата на загинатите во падот на авионот Боинг 737 во кој загинаа 179 лица, пренесува Ватикан њуз.


„Моите мисли се со многуте семејства во Јужна Кореја кои денеска се тажни поради оваа драматична авионска несреќа“, рече папата Франциск.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни