Папата Франциск утре треба да биде пуштен од болница, по пет недели кои ги помина таму поради воспаление на белите дробови.
Папата кој има 88 години, се лекуваше во болницата Џемели во Рим од 14-ти февруари поради тешка респираторна инфекција.
Ватикан претходно соопшти дека ќе се појави на прозорецот од својата болничка соба во недела за да даде благослов, пишува Skynews.