Папа Франциск го испрати првото аудио соопштение од болница

Кратката порака која Франциск ја снимил од римската болница Џемели, беше пуштена за време на вечерната молитва за папата на Плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Папата Франциск го испратил своето прво аудио соопштение откако беше хоспитализиран пред скоро три недели поради двострана пневмонија. Во соопштението тој изрази благодарност „од дното на срцето” на сите добронамерни луѓе од целиот свет кои му понудиле своја поддршка.

Кратката порака која Франциск ја снимил од римската болница Џемели, беше пуштена за време на вечерната молитва за папата на Плоштадот Свети Петар во Ватикан.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни