Паметно и корисно: Реупотреба на ќесичките од чај

Пиењето на чаеви е одличен начин да се грижите за вашата кожа одвнатре и надвор, но откако ќе го испиете топлиот пијалок, наместо да ги фрлате кесичките, можете да ги користите на неколку други интересни начини.

Повеќето билни чаеви се богати со витамини, амино киселини, и други моќни антиоксиданси кои природно и го враќаат здравјето и убавината на кожата. Тие се борат против слободните радикали, ја ревитализираат уморната кожа, го смируваат воспалението и ги одржуваат здравите клетките на кожата.

Шолја чај спречува дехидрација, која е голем виновник за сува и безживотна кожа, но штом ќе ја испиете, можете да ги користите кесичките чај на следниве начини…

За смирување на акните и црвенилото
Ако страдате од акни или црвени дамки, ставете малку изладена кесичка чај од нане на воспалените места. Покрај тоа што ова растение има антибактериски и антиинфламаторни својства, содржи фенолна киселина и флавоноиди, моќни антиоксиданси кои можат да го ублажат оксидативниот стрес.

За безживотна кожа
Благодарение на витамините Ц, А, Б1 и Б2 и минералите (цинк и железо), чајот од хибискус може да помогне да се врати живоста и сјајот на вашата кожа. Доволно е по чистењето да го измиете лицето со овој чај, наместо со вода или тоник.

За подуени темни кругови и брчки околу очите
Изладените кесички од зелен и црн чај може да се стават на подуени очи за да се ублажат темни кругови. Овие чаеви се богати со антиоксиданси и полифеноли кои го ублажуваат воспалението поврзано со стареењето, ги регенерираат клетките и ја штитат кожата од оксидативен стрес.

Извор: life.uk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни