Поранешната Плејбој зајачица, Памела Андерсон вели дека сега е различна личност од тоа што била, но таа повторно ги поставува правилата кога е во прашање убавината.
Андерсон започна како модел, а потоа се здоби со светска слава откако глумеше во хит-сериите „Чувари на плажата“ и „Сам свој мајстор“, а славата ѝ се засили откако се омажи за тапанарот Томи Ли, со кого има два сина.
Надвор од телевизиските екрани и филмовите, Андерсон со години се појавуваше и на насловните страници на Плејбој, Емпаир, Вараети, Ролинг Стоун, па дури и Вог.
Но, во последно време, Андерсон се повлече од холивудскиот сјај и ги промени правилата кога е во прашање убавината. Конкренто, Андерсон, која има 57 години, добива многу пофалби бидејќи целосно ја отфрлила шминката и наместо тоа ја прифати својата природна убавина.
Некогаш познато по „ризичната“ облека, мајката на две деца сега се одлучува за поконзервативни комбинации. Зборувајќи за тоа дека повеќе не се шминка, Андерсон вели дека на тој начин ја напуштила сликата која ја имала за себе.
„Каков е овој цртан лик кој сум го креирала? Добро, тао беше забавно, но веќе не сум таа личност“ вели Андерсон.
На прашање за концептот на совршенство, Андерсон вели дека никогаш не тежнеела кон совршенство.
„Некаде на тој пат, започнав да размислувам дека сакам да ги предизвикам идеите за убавина. Штом ја симнав маската, ми се отвори цел еден свет“ вели таа.
Извор: Н1