Палатата изгуби контрола врз озборувањата за ,,исчезнувањето’’ на Кејт Мидлтон

Веќе неколку недели на интернет се шират шпекулации за тоа дека принцезата од Велс – Кејт Мидлтон ја нема во јавноста и дека наводно исчезнала. Озборувањата започнаа откако од палатата изјавија дека принцезата имала операција на абдоменот и нејзиното опоравување ќе трае до Велигден.

На социјалните мрежи се појавија многу теории на заговор дури и тоа дека принцезата починала. Оттогаш луѓето барат докази кои ќе го докажат спротивното.

Сега го имаат. На интернет е објавено видео, на кое се гледа како принцот и принцезата од Велс напуштаат продавница на фармата Виндзор, на која се гледа дека изгледаат среќно и принцезата е во фаза на опоравување од операцијата.

Но сепак и ова не е доволно за теоретичарите на заговор на социјалните мрежи. Ова мора да е нејзина двојничка,таа изгледа премногу добро- пишуваат тие.  Дури и украсите со рустикална тематика надвор од продавницата беа причина за сомневање дека видеото било снимено за време на Божиќните празници.

Дури и оние кои веруваат дека тоа е принцезата видеото го искористија за да ја критикуваат за тоа зошто сè уште не се вратила на работа.

„Таа дури и да направи ДНК тест луѓето нема да веруваат дека тоа е таа“, рече Џек Ројстон, главен кралски дописник во Newsweek.

Во овој момент, принцезата и палатата едноставно не можат да победат. Правилата кои важат за медиумското известување, некои напишани во форма на закони за приватност, а некои непишани засновани на пристојност и здрав разум, засега не важат за медиумите.

Папараците се заменети со камери на мобилни телефони а колумнистите ги заменија бескрајните кралски „експерти“.

Палатата Кенсингтон води борба за приватноста на принцезата откако таа исчезна од очите на јавноста во средината на јануари по абдоминалната операција.

Потврдувајќи дека ќе биде без должност додека закрепне, нејзиниот портпарол искрено рече: „Принцезата од Велс го цени интересот што ќе го предизвика оваа изјава. Таа се надева дека јавноста ќе ја разбере нејзината желба да остане што повеќе нормална и да помине време со нејзините деца.’’

Видеото кое беше објавено треба да ги отфрли теориите на заговор, на него таа изгледа среќно, на нозе по операцијата и во разговор со нејзиниот сопруг.

Исто како што кралското семејство мораше да се прилагоди на појавата на радиото и телевизијата, а потоа и на експлозијата на папарацо културата на познатите личности во 1980-тите и 1990-тите, потребен е нов пристап во ерата на социјалните медиуми.

Извор: https://www.yahoo.com/news/palace-lost-control-princess-wales-180702585.html

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни