Пакомак го отвори конкурсот „Trash for Art 2026“

Пријавувањето трае до 17 март, предвидени се парични награди во повеќе категории

Пакомак го отвори пријавувањето за наградниот конкурс „Trash for Art 2026“, наменет за уметнички дела изработени од отпад. Повикот е отворен за сите еко-свесни граѓани, а конкурсот ќе трае до 17 март.

Конкурсот е отворен за градинки, основни училишта, поединци и други организации. Делата ќе се натпреваруваат во три главни категории: градинки, основни училишта и поединци/организации.

За секоја категорија се предвидени по три парични награди: 30.000 денари за прво место, 20.000 денари за второ и 10.000 денари за трето место. Уметничките дела треба да бидат изработени од најмалку 10 парчиња амбалажен отпад, од ист или различен тип, и не треба да надминуваат висина од 150 сантиметри.

Годинава се предвидени и две специјални награди. Првата е за дела изработени од електронски отпад, односно од најмалку три делови електронски отпад или отпадни батерии. Наградниот фонд за оваа категорија е идентичен со оној во главните категории.

Втората специјална награда е наменета за најдобрите дела изработени исклучиво од амбалажа на Алкалоид, кој е специјален учесник и поддржувач на „Trash for Art 2026“.

Делата треба да бидат доставени на 16 и 17 март 2026 година, од 9:00 до 18:00 часот, во локалот „Лабораториум“, кој се наоѓа зад Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“.

Повеќе информации за конкурсот се достапни на официјалната веб-страница на Пакомак и на неговите профили на социјалните мрежи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни