Сифан Хасан истрча до победа со нов олимписки рекорд на женскиот маратон на Олимписките игри во Париз утрово. Холандската атлетичарка ја заврши трката со време 2:22:55.
„Се чувствувам како да сонувам. Досега олимписки шампиони гледав само на телевизија. Маратонот е нешто друго знаете. Кога трчате 42 километри за нешто над два часа и 20 минути, тогаш секој чекор е тежок и болен. Кога завршив почувствував олеснување. Неверојатно е. Никогаш немам почувствувано нешто вакво. Ниту еден друг маратон што сум го трчала не е ни приближно до ова“ изјави таа по трката.
Хасан се натпреваруваше на трките на 5000 метри, 10000 метри и на маратонот на овие Олимписки игри. Златото од маратонот, заедно со бронзите од пократките дистанци се доказ дека 31-годишната тркачка ги надмина предизвиците кои според многумина изгледаа невозможни.
Таа е првата жена во историјата на Олимписките игри која освоила медали во комбинации од долги трки на едни Олимписки игри. Ваков подвиг направил и тркачот Емил Затопек во Хелсинки во 1952 година, повторувајќи го истиот успех.
Среброто го освои Тигс Асефа од Етиопија со заостанување од само три секунди зад Хасан, додека Хелен Обири од Кенија ја освои бронзата со време од 2:23:10.