Во друштво на над 6.000 млади луѓе од повеќе од 160 земји, тимот на извидниците од Македонија донесе вкус, звук и дух од нашата татковина.




Штандот на Македонија веднаш стана еден од најпосетените. Гостите имаа можност да вкусат традиционална македонска храна – автентични јадења кои зборуваат за историја, гостопримство и љубов кон традицијата. Мирисот на македонската кујна привлекуваше насмевки и апетити, а секој залак носеше нови пријатели на македонската кујна.



Врвот на вечерта беше изведбата на традиционалното македонско оро – Пајдушкото. Нашите извидници, облечени во народни носии, со гордост настапија пред илјадници млади луѓе, добивајќи громогласен аплауз. Ритамот беше заразен – многумина почнаа да ракоплескаат, а некои дури се приклучија во орото!
Оваа вечер не беше само претставување на храна и танц – туку и прослава на нашето национално богатство, нашата отвореност и извидничкиот дух на пријателство и заедништво. Македонските извидници оставија силен впечаток, создадоа нови пријателства и го кренаа македонското знаме гордо високо меѓу знамињата од целиот свет.

Голема благодарност до Светската извидничка организација WOSM и тимот на организација за ова прекрасно искуство!