Како што информираат од ОЈО, во неговиот дом во Идризово, осомничениот 57-годишник неовластено држел муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета. При претрес, во дрвен сандак во дневната соба, полицијата пронашла две рачни бомби – гранати модел „М.75“ , како и педесет куршуми калибар 7,65 мм наменети за испалување од полуавтоматски и автоматски огнени оружја.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото.