Овошје кое го намалува холестеролот и ги чисти артериите

Грејпот не е само горчлив цитрус – тој го намалува лошиот холестерол, ги чисти артериите и го штити срцето. Еве како да го внесете во секојдневната исхрана.

Секојдневниот појадок често минува без него, а се наоѓа покрај портокалите во корпата со овошје. Грејпот – горчливиот цитрус кој многумина го избегнуваат – всушност е природен штит за срцето.

Експертите велат дека редовната консумација на грејп може да го намали лошиот LDL холестерол, да го подобри протокот на крв и да ги чисти артериите од масни наслаги. Сето тоа благодарение на нарингенинот, моќен флавоноид кој ја штити циркулацијата и ја намалува воспаленоста во телото.

Кардиолозите го препорачуваат како дополнителна поддршка на терапијата за лица со висок холестерол или други срцеви ризици. Но, тие нагласуваат дека не може да ги замени лековите, туку само да го засили нивното дејство.

Како да го внесете грејпот во исхраната:

  • Исцедете пола грејп во чаша млака вода и додајте лажичка мед
  • Ставете парчиња грејп во салата со рукола, ореви и фета сирење
  • Подгответе утрински смути со грејп, портокал и шепа боровинки

За оние кои не го поднесуваат горчливиот вкус, црвениот грејп е поблаго решение, а комбинацијата со јагоди, боровинки и авокадо може да ја неутрализира горчината, без да ги изгуби здравствените придобивки.

Експертите е советуваат грејпот да се јаде три до четири пати неделно за видлив ефект. Сепак, лицата кои користат статини или одредени лекови треба задолжително да се консултираат со лекар пред консумација.

„Грејпот не е само суперхрана за Инстаграм. Тоа е овошје кое нашите баби го користеле за ‘чистење на крвта’. Денес, во време на стрес, нездрава исхрана и забрзан живот, ова овошје станува тивка, но моќна помош за срцето“, вели нутриционистот Д. Бошковиќ.

Не мора да го сакате неговиот вкус – доволно е да го цените тоа што го прави за вашето здравје. Грејпот, заборавената овошка која го намалува холестеролот, можеби е наједноставниот чекор кон поздрав живот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни