Ова се овошјето и зеленчукот што содржат најмногу пестициди

Јагодите и спанаќот се на прво место, но им се придружуваат и некои други секојдневни намирници.

Според најновиот извештај на американската организација за заштита на животната средина Environmental Working Group (EWG), дури 75 проценти од примероците од свежо овошје и зеленчук содржат остатоци од пестициди, додека во озлогласената група, таканаречената „Валкана дузина“ наоѓа дури 95 проценти.

Јагодите и спанаќот повторно се на самиот врв на таа озлогласена скала што традиционално ја објавуваат, но им се придружуваат и некои други секојдневни намирници. Според анализата на EWG за 2025 година, 12-те најзагадени зеленчуци и овошја се:

спанаќ
јагоди
кељ
грозје
праски
цреши
нектарини
круши
јаболка
капини
боровинки
компири

Поздравото не е секогаш побезбедно

Особено загрижувачки е фактот дека некои тестирани пиперки содржеле траги од дури 15 различни пестициди, а според шведските истражувања, нивните остатоци се акумулираат во телото и на возрасните и на децата.

Американските центри за контрола и превенција на болести (CDC) наведуваат дека одредени пестициди се поврзани со спонтани абортуси, вродени дефекти и развојни пречки кај децата.

Поради сето погоре наведено, здравствените експерти ги повикуваат граѓаните да избираат органско овошје и зеленчук секогаш кога е можно, или барем да преземат мерки за отстранување на пестицидите, како што се темелно миење, лупење или употреба на природни средства за чистење храна.

Исто така објавени се „15 „чисти“


И покрај поразителните податоци, експертите ја нагласуваат позитивната вест, според која телото може да почне да се чисти за две недели откако ќе престанеме да јадеме контаминирана храна. Ова значи дека промените во навиките за исхрана имаат директен и брз ефект врз здравјето, пишува Agroklub.

Заедно со „валканата“ листа, организацијата ја објави и таканаречената „Чиста петнаесетка“, листа од 15 овошја и зеленчуци кои содржат најмалку остатоци од пестициди.

Тие вклучуваат ананас, пченка (слатка), свежа или замрзната, авокадо, папаја, кромид, замрзнат сладок грашок, аспарагус, зелка, лубеница, карфиол, банани, манго, моркови, печурки и киви, бидејќи нивната структура, метод на раст и услови на одгледување ја намалуваат потребата од пестициди.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни