Овој град пред 30 години им рече „не“ на фосилните горива: Половина од новите згради мора да бидат од дрво 

Во шведскиот град Векша, градските автобуси и возилата на локалната самоуправа возат на биогориво произведено од домашен органски отпад

Малото шведско гратче Векша опкружено со шуми и езера, во деведесеттите години донесе одлука целосно да се откаже од фосилните горива и успеа да стане светски пример за зелена трансформација. 

Денес, повеќе од 90 проценти од неговата енергија доаѓа од шумски остатоци, автобусите возат на биогориво од домашен отпад, а половина од новите згради се изградени од дрво, додека жителите дишат целосно во природна средина. 

Во шведскиот град Векша, градските автобуси и возилата на локалната самоуправа возат на биогориво произведено од домашен органски отпад. Повеќе од 90 проценти од енергијата доаѓа од шумски остатоци и други природни материјали од околината, од пилевина од локалните пилани до гранки што остануваат по преработката на дрво за мебел. 

Би-Би-Си пишува дека овој милениумски град, сместен околу 450 километри југозападно од Стокхолм, во средината на пејзаж полн со шуми и стотици езера, ја започнал својата зелена трансформација уште во деведесеттите години.

Регионот Смоланд, познат и како „Кралство на стаклото“, стана познат благодарение на своите светски познати производители на стакло, но денес е познат и како пионер во борбата против загадувањето. 

Градот што пред 30 години им рече „не“ на фосилните горива 

Векша е град со помалку од сто илјади жители, но со големи амбиции. Уште во 1996 година, градските советници го поставија прашањето: може ли еден град да функционира без фосилни горива? Тогаш едногласно беше одлучено дека Векша ќе стане првиот град во светот што целосно ќе ги отфрли фосилните горива. 

Денес, нивната цел е уште похрабра, да биде климатски неутрален до 2030 година, дури 15 години пред националниот шведски план. 

Хенрик Јохансон, експерт за животна средина од градската администрација, на шега вели дека Векша е „луд град“ кој одлучил да се ослободи од фосилните горива, но резултатите покажуваат дека тоа воопшто не е лудо. 

Емисиите на CO₂ по глава на жител се намалија за повеќе од 70% во споредба со 1990 година, додека населението се зголеми за една третина, а БДП по глава на жител се удвои. 

Дрвоград: место каде што има големи згради направени од дрво 

Најголемите преостанати емисии доаѓаат од приватните автомобили, бидејќи многумина сè уште не ги користат бројните станици за полнење електрична енергија и биогорива во градот, како што е етанолот. 

Сепак, трансформацијата може да се види на секој чекор – особено во архитектурата. 

Денес, Векша е еден од најдобрите примери за масовна употреба на дрво во модерната градба. Половина од сите нови згради мора да бидат изградени од дрво, како дел од планот за одржлив развој на градот. 

Архитектката Карин Хорд Аф Сегерстад од компанијата Аркитектболагет истакнува дека дрвото во архитектурата носи и визуелни и психолошки придобивки. 

„Природните материјали не само што се пријатни за око, туку директно влијаат на подобар квалитет на живот. Луѓето се чувствуваат подобро кога се опкружени со дрво.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни