Дали некогаш сте слушнале за Проспера, град во Хондурас? Ако не – не сте единствените. Дури и Хондуранците кои живеат до него знаат малку за ова место. Проспера е приватен град кој работи како „Зона за вработување и економски развој“ (ЗЕДЕ) на островот Роатан.
Градот е основан од колумбискиот претприемач Ерик А. Бримен, со цел да создаде иновативен модел на населување кој ги комбинира технолошкиот напредок, луксузот и деловните слободи – брза регистрација на компании, инфраструктура приспособена на дигиталните номади, ниски даноци за приходи и плати, како и голем број поволности за привлекување странски инвестиции.

Проспера е основана во 2017 година со поддршка на тогашниот претседател Хуан Орландо Хернандез, според Законот за зони на ЗЕДЕ, кој дозволуваше формирање на автономни области со свои закони, даноци и администрација – на територијата на Хондурас.
Но, кога дојде до промена на власта во 2022 година, Законот за ЗЕДЕ зони беше прогласен за неуставен, со образложение дека ги крши основните принципи на Уставот, вклучително и суверенитетот и територијалниот интегритет на државата. И покрај тоа, Проспера ја тужеше државата и продолжи да функционира – па дури и „просперира“.

Приватниот богат град Проспера во Хондурас има само 200 жители и го чуваат вооружени чувари.
Градот не го води класичен градоначалник, туку техничкиот секретар Хорхе Колиндрес, додека формалното управување е предводено од компанијата Honduras Prospera Inc, која е поддржана од инвеститори од Силиконската долина – меѓу нив Питер Тиел, Марк Андресен и Сем Алтман.

Иако Проспера има околу 2.000 жители, повеќето од нив се всушност електронски жители, кои никогаш физички не биле во градот. Само околу 200 луѓе живеат постојано на територија од околу 2,5 квадратни километри, додека многу повеќе доаѓаат на работа секој ден.
Влезот во градот не е бесплатен – за да влезете, треба да поминете контролен пункт со вооружени чувари кои издаваат привремена дозвола за пристап и гарантираат безбедност на сите посетители.
Тимот од Yes Theory YouTube каналот помина неколку дена во овој „инвеститорски рај“. Што снимиле за време на престојот во Проспера погледнете во видеото подолу.