Овој зеленчук има позитивен ефект врз здравјето: го нормализира шеќерот и го намалува холестеролот во крвта

Диететичарите препорачуваат брокула, кељ и боранија, бидејќи тврдат дека помагаат да се подобри контролата на шеќерот во крвта.

Изборот на зеленчук богат со хранливи материи е особено важен сега, кога е под знак прашалник дали нешто и колку е здраво за нашиот организам. Зеленчукот е одличен избор за одржување на стабилно ниво на шеќер во крвта и здрава исхрана, бидејќи дава чувство на ситост и е богат со бројни состојки.

Наместо да јадеме празни јаглехидрати, како бел ориз и тестенини, можеме да избереме зеленчук со висок процент на растителни влакна, како што се зелен лиснат зеленчук и зеленчук што не содржи скроб.

Диететичарите препорачуваат брокула, кељ и боранија, бидејќи тврдат дека помагаат да се подобри контролата на шеќерот во крвта.

Овие три вида зеленчук се богати со влакна, кои го забавуваат варењето и помагаат во контролата на шеќерот во крвта.

Брокулата е совршен извор на витамин Ц и калиум и го зајакнуваат имунитетот, а помагаат и при хронични болести.

Она што треба да се избеднува е зеленчук со скроб, како што се компирите и пченката, бидејќи тие можат да го подигнат нивото на шеќер во крвта.

Зеленчукот како пченката има поголемо влијание на шеќерот во крвта, па затоа најдобро е да се комбинира со посни протеини или зеленчук без скроб.

Ако веќе купувате замрзнат зеленчук, важно е да изберете опции без додадена сол, шеќер или маснотии. Замрзнатиот зеленчук може да биде похранлив бидејќи се собира во сезоната и веднаш се замрзнува кога е на својот врв.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни