Овие корисни фрази родителите треба да им ги кажат на своите деца кога се лути и вознемирени

Децата се вознемируваат од различни ситуации. Важно и корисно е да бидете со децата кога тие се лути и да им покажете дека вие сте нивниот најголем поддржувач. Овие седум фрази родителите треба да им ги кажат на своите деца кога се многу лути и вознемирени.

„Се грижам за тоа како се чувствуваш“.
Важно е да им дадете до знаење на децата дека нивните емоции се важни. Како што пишува The Time of India, признавањето и препознавањето на нивните чувства им покажува дека го почитувате нивното емоционално искуство и ситуација, а и дека сте подготвени да го слушате она што ги мачи.

„Тука сум за тебе.”
Во моментите на лутина, децата може да се чувствуваат сами и погрешно разбрани. Уверете ги дека сте тука за нив дури и кога не се согласувате со нив. Знаејќи дека имаат сигурност во родителите и дека можат да бидат чувствителни и дека знаат дека ќе добијат утеха, може да ги поттикне да се отворат дури и кога не се лути.

„Во ред е да се лутиш.“
Лутината е природна емоција која сите ја чувствуваме и важно е децата да разберат дека е во ред понекогаш да се чувствуваат лути. Со нормализирање на гневот, родителите им помагаат на своите деца да развијат емоционална интелигенција и вештини за решавање проблеми за да можат полесно да управуваат со своите емоции во иднина.

„Ќе останам со тебе додека не ти помине.“
На децата, како и на возрасните, понекогаш им треба време и простор за да ги обработат своите емоции. Ако родителите им дадат до знаење на своите деца дека ќе бидат тука за нив дури и во моменти кога не се мирни, тоа може да им помогне на децата и да им дадат до знаење дека имаат поддршка од најважните луѓе во нивниот живот.

„Разбирам дека ти е тешко.“
Емпатијата е клучна кога се справуваме со детскиот гнев. Препознавањето на предизвиците со кои се соочуваат и нивните проблеми може да им помогне да се чувствуваат разбрано, но и помалку осамени во своите емоции.

„Те сакам.”
Изразувањето љубов во моменти на лутина ја зајакнува емотивната врска помеѓу родителите и децата. Дури и кога се вознемирени, важно е да ги потсетите децата дека ги сакате за да се чувствуваат безбедно и прифатено и да бидат подготвени да споделат што предизвикува такви емоции, пишува The Times of India.

„Ајде да разговараме за тоа што се случи.“
Откако детето ќе се смири, време е за конструктивен и мирен разговор. Родителите треба да ги охрабруваат децата да ги изразат своите чувства и перспектива за да не го задржуваат она што ги мачи во себе, но и за да можат да им дадат добар совет што да прават.

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни