ОВЦ КОЛЕКТИВ: Следиме што се случува во Европа, тој звук го донесовме тука

Дојран пулсира во ритамот на 14-то издание на Д фестивал. Меѓу бројните гости се и ОВЦ КОЛЕКТИВ кои годинава за прв пат се дел од ова случување. Иако во септември годинава заокружуваат две години од своето постоење веќе на големо го освојуваат домашниот пазар.

Велат дека немаат тајна за успехот, едноставно го должат на макотрпната работа и посветеност, натопена со многу љубов.

„Па тајна… не би го нарекол тајна, едноставно ние сме како генерацијата што доаѓаме и знаеме што сакаме. Следиме што се случува во Европа. Едноставно сакавме да направиме нешто што го има тој звук, но да го донесеме тука за да може и тука да се доживее“, велат од ОВЦ КОЛЕКТИВ.

Меѓу другото истакнуваат и дека за нив музиката е вистинска уметност, па водени од тоа не се плашат што многу колективи ставаат точка на нивната приказна.

Инаку, според програмата младиот македонски колектив – ОВЦ КОЛЕКТИВ со целовечерна журка на „Lake Awake“ бината ја држеше будна публиката. Овации, емоции и многу енергија која се чини дека уште долго ќе тлее во сеќавањата на присутните на Д фестивал.

Автор: Дениз Абдула

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни