Арктички студ ја зафати Македонија

Првото утро од 2026 година ќе биде многу ладно, со длабок минус низ целата земја.

Под влијание на многу ладна воздушна маса од север, времето во Македонија за време на новогодишните денови ќе биде претежно ведро, но многу студено. Северниот ветер ќе дува засилено, особено во југoисточните предели, каде повремено ќе биде силен. Денес ветерот ќе се движи со брзина до 60 км/ч, локално и повеќе.

Првото утро од 2026 година ќе биде многу ладно, со длабок минус низ целата земја.

Денешните максимални температури ќе останат под нулата на повеќе места и ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 4°C, додека во Скопје и околината ќе достигнат околу 0°C. Северниот ветер и во Скопје ќе биде засилен, со повремени бури во делови од котлината.

За време на новогодишните денови температурите низ целата земја ќе бидат под нулата и ќе се спуштаат од -13 до -4°C. Во Скопје и околината се очекува температурата да падне до околу -7°C, а на повисоките и планинските места се предвидува минус од околу -15°C.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни