Оваа храна може да ви го продолжи животот за четири години: жителите на сината зона ја јадат секој ден 

Колку долго можеме да живееме зависи не само од генетиката, туку и од нашата исхрана, тврди Ден Битнер, истражувач на Сините зони – области во светот каде луѓето најверојатно ќе живеат до стотина години. Со анализа на навиките на долговечните заедници од Јапонија, Италија, Грција, Костарика и САД, Ден Битнер и неговиот тим открија една заедничка нишка – грав на менито секој ден. 

„Една шолја грав дневно се поврзува со околу четири дополнителни години животен век. Значи, ако сакате да знаете што јадела стогодишник за да доживее сто години, треба да знаете што јадела во текот на животот – како девојче, како мајка, во средните години и по пензионирањето – истакнува Битнер на својот Инстаграм профил и додава: 


„За потребите на пишувањето на книгата „Кујната на сините зони“ го спроведовме она што се нарекува мета-анализа. Најдовме 155 нутриционистички студии спроведени во текот на изминатите 100 години во сите пет Сини зони. И кога ќе погледнете што луѓето традиционално јаделе, ќе откриете дека јаделе грав речиси секој ден – околу една шолја дневно. И поединечно, знаеме дека една шолја грав дневно е поврзана со околу четири години подолг животен век“. 

Што вели науката? 

Неговите наоди го потврдуваат она што науката долго време го сугерира – мешунките се богати со влакна, протеини и антиоксиданси, а исто така помагаат за регулирање на шеќерот во крвта и го намалуваат ризикот од хронични болести.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни