Ова се намирниците што треба да ги имате дома за итни случаи

Погрижете се за својата безбедност со вистинските залихи храна и основни намирници за итни ситуации. Прочитајте што советуваат експертите за подготовка за кризи, прекини на струја и други непредвидени ситуации.

Поради зголемените тензии на континентот, многу европски земји неодамна објавија водичи за преживување со цел да им помогнат на граѓаните да се подготват за кризи како војна или сајбер напади, објави Euronews. На крајот на март, Европската комисија ги повика земјите-членки на ЕУ да им помогнат на своите граѓани во подготовката за вакви ситуации. Особено по неодамнешниот прекин на електричната енергија во Португалија, граѓаните почнаа посериозно да ги сфаќаат овие препораки.

Комплет за итни случаи

За подготовка за ситуации како што е прекин на струја, Комисијата препорачува секое домаќинство да има комплет за итни случаи кој ќе ги покрие првите 72 часа. Во него треба да има:

  • Комплет за прва помош и лекови
  • Радио на батерии и фенери
  • Полначи за уреди
  • Готовина
  • Копии од важни документи
  • Клучеви
  • Топла облека
  • Основни алатки

Која храна да ја имате дома?

Храната е исто така клучна. Euronews разговараше со нутриционистот Лиа Фарија за препораки околу изборот на најпогодни производи за итни случаи.

Фарија посочува дека најдобро е да се купува нерасиплива храна што не бара готвење, бидејќи во кризни ситуации може да нема струја или гас. Така, подобро е да се изберат конзервирани мешунки – грав, грашок, леќа – наместо сушени.

Од нутритивен аспект, важно е да има разновидност. За протеини, Фарија препорачува конзервирана риба, пилешко и дехидрирани јајца. Масната риба и маслиновото масло се добри извори на здрави масти.

Додатоци и слатки

Нутриционистката советува и додавање на лесно сварливи протеини, како оние од сурутка или соја. Сушеното месо може да се замени со конзервирани мешунки кои нудат протеини, јаглехидрати и влакна.

Шеќерот, медот и џемовите се исто така важни за складирање, бидејќи обезбедуваат брз извор на енергија.

Зеленчук и овошје

Најголем предизвик при складирањето на залихите е овошјето и зеленчукот. Фарија посочува дека иако постојат дехидрирани опции, пазарот сè уште нема доволно такви производи, особено кога станува збор за зеленчук.

Вода – најважната намирница

„Водата е основна и мора да биде приоритет во залихите“, заклучува нутриционистката Лиа Фарија.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни