На хрватскиот пазар на труд моментално се активни низа огласи за вработување во различни сектори – од градежништво и шпедиција, преку маркетинг и логистика, до туризам и продажба. Некои позиции нудат и надпросечна плата, како и дополнителни поволности, како сместување, флексибилно работно време или бонуси од продажба.
Градежен инженер
Моментално многу барано занимање на повеќе локации низ Хрватска. Во некои огласи се нуди нето плата од 2500 евра, со барање за 5 години работно искуство, возачка дозвола Б категорија и напредно користење на компјутер. Во Истра, за истата позиција се нуди „околу 2000 евра бруто“, со службено возило, сместување и договор на неопределено време.
Шпедиција и логистика
Следна по популарност е позицијата соработник во логистика, со плати од 1400 до 1500 евра бруто, плус додатоци и попусти за вработени.
Се бараат и возачи со Ц и ЦЕ категорија, за работа во Хрватска и Германија. Потребно е минимум две години искуство, а се нуди плата од 2500 до 3000 евра, плус 24 дена годишен одмор.
Продажба
Работниците во секторот продажба се постојано барани.
За позицијата продавач во специјализирана продавница, се бара возачка дозвола Б категорија, се нудат платени трошоци за превоз и вработување на неопределено време, со добра плата (иако конкретната сума не е наведена).
Сезонски продавачи имаат флексибилно работно време (40, 30 или 20 часа неделно), со плата до 1250 евра нето.
Позицијата продавачки претставник за градежен сектор исто така е барана, но засега огласите не наведуваат конкретна плата.
Други работни места
Со оглед на тоа што туристичката сезона се приближува, собарките веќе се барани. Во еден луксузен хотел со 5 ѕвезди во Дубровник, платата за оваа позиција е меѓу 1200 и 1500 евра, а работодавачот обезбедува сместување и ги покрива патните трошоци.