Бродот Оушн Викинг (Ocean Viking), изнајмен од организацијата СОС Медитеран за пружање итна хуманитарна помош, денеска спаси 273 мигранти, меѓу кои седум деца.
Мигрантите беа спасени во три операции кај бреговите на Тунис и Малта, соопшти организацијата со седиште во Марсеј.
Луѓето се наоѓале во три чамци и им била укажана прва медицинска помош. Многу од спасените страдале од исцрпеност и морска болест.
Во текот на 2024 година, 2.475 луѓе кои се обиделе да стигнат до Европа исчезнале или загинале во Средоземното Море, а голем дел од нив во централниот дел, каде, според податоците на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), се наоѓа една од најсмртоносните миграциски рути во светот.
Од почетокот на 2025 година веќе има речиси 500 такви смртни случаи.