Отворена е истрага за роденденската забава на Јамал

Шпанското Министерство за социјални права побара од Канцеларијата на Државниот обвинител да поведе истрага против фудбалерот на Барселона
Фото: Инстаграм

Во неделата еден од најдобрите млади фудбалери во светот Ламине Јамал го прослави својот 18 роденден со контроверзна журка.

Имено, шпанските и светски медиуми со денови пишуваа за развратничката журка на Јамал каде биде ангажирани 12 проститутки, но и луѓе со џуџест раст кои присуствувале на забавата.

Шпанското Министерство за социјални права побара од Канцеларијата на Државниот обвинител да поведе истрага против фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, по обвинувањата дека ангажирал лица со џуџест раст како дел од забавната програма за неговиот роденден, јави денеска Би-Би-Си.

Јамал го прослави својот 18. роденден во неделата во изнајмена вила во Оливела, гратче на 50 километри северозападно од Барселона, во присуство на инфлуенсери, јутјубери и клупски соиграчи, а, исто така, ангажирал и луѓе со џуџест раст како дел од забавата.

Здружението на луѓе со ахондроплазија и други скелетни дисплазии (АДЕЕ) го осуди потегот, нарекувајќи го „неприфатлив во 21. век“.

„АДЕЕ поднесе тужба и побара од Државното обвинителство да истражи дали е прекршен законот и дали се загрозени правата на лицата со попреченост“, соопшти шпанското Министерство за социјални права.

Едно од џуџињата во одбрана на Јамал

Сепак, еден од четворицата изведувачи со џуџест раст одлучи да зборува во интервју за емисијата Versio RAC1 на радио станицата RAC1, но под услов на анонимност.

„Никој не нè навреди, оставете нè да работиме мирно. Не разбирам зошто толку многу се зборува за ова. Ние сме обични луѓе кои правиме што сакаме, на сосема легален начин“, рече тој, додавајќи:

„Здружението ADEE нè спречува со години. Тие сакаат да ни забранат да ја работиме работата што ја сакаме, а во исто време, никогаш не ни понудиле работа. Ние сме аниматори и само си ја работиме работата. Зошто не можеме да ја работиме таа работа? Поради нашата физичка градба? Ние не сме циркуски мајмуни. Танцуваме, делиме пијалоци, правиме трикови…“, додаде тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни