Отворен повик за ŠkArt RESIDENT 2024!

ŠkArt RESIDENT 2024 распишува отворен повик за уметничките резиденции кои ќе се одржат од 1 до 8 јули во Тиват, Црна Гора. Пријавувањето е отворено до 28 јуни.

„Го избравме поместувањето како лајтмотив на овогодинешните програми. Не само поради специфичноста на темите со кои се занимава нашето здружение, а кои веќе може да се погодат во самото наше име, туку и поради резиденцијалната програма која се фокусира на оној дел од уметноста што е на самите граници на културата. Ангажираната уметност во Црна Гора не е доволно афирмирана, додека самиот концепт на независна култура е изолиран и лабаво дефиниран. Го избравме концептот на поместување поради се што се случува пред нашите очи. На микро ниво, тоа е изолација и зголемена маргинализација на ранливите групи, особено жените и квир луѓето, ширењето на хетеронормативниот наратив и стеснувањето на просторот за слободно изразување и мисла, а на макро ниво јакнење на десницата, екстремните ставови и избувнувањето на војни и злосторства против човештвото кои дополнително предизвикуваат миграција и транскултурно и културно раселување“ , велат организаторите.

На работилницата фокусот ќе биде на филмскиот есеј како активистички гест преку интензивна осумдневна програма и менторска поддршка од признати уметници и експерти од професијата.  Учесниците ќе креираат сопствен филм со целосна финансиска поддршка во реализацијата, но потребно е да имаат сопствен телефон/камера (по избор) и да ги знаат основите на создавање видео. 

Ментори на програмата се Душан Вулековиќ, директор и предавач на ФДУ УЦГ,Билјана Вушовиќ, продуцент и предавач на ФВУ, Медитерански универзитет.

На филмската работилница можат да се пријават млади уметници и студенти на уметнички факултети. Особено ги охрабруваат квир уметниците да аплицираат за програмата. 

Апликацијата треба да содржи кратка биографија/CV, мотивациско писмо за учество во програмата, како и концепт на филмот/видеото што ќе се креира на програмата.

Учесниците се должни до крајот на престојот да изработат едно дело и да го претстават на заедничка проекција. 

Апликациите треба да се испратат на skart.udruzenje@gmail.com со референца: ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ŠKART RESIDENT III – филмска работилница, до 28.06.2024 година. 

Програмата за престој вклучува: 

Сместување и исхрана за времетраење на резиденцијалната програма во Тиват, како и заеднички работен простор; можноста за работа на различни инспиративни и важни локации на градот; материјал за создавање ангажирано уметничко дело; фотографирање на работа, прикажување и промоција на дела; промоција на авторот на социјалните мрежи и во медиумите. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни