Search

Отворен конкурс за нови бизнис идеи во медиумите од Фондацијата Томсон и Британскиот совет

Фондацијата Томсон и Британскиот совет, преку платформата Journalift, го отворија конкурсот за развој на нови бизнис идеи во медиумите, во рамките на програмата Western Balkans Media for Change. Овој повик е отворен за медиуми и поединци, со грантови до 10.000 британски фунти за медиумски организации или НВО и до 4.000 фунти за поединци.

„Доколку сте медиумски професионалец, организација или поединец со страст за медиумски проекти и имате идеја за создавање нов проток на содржина (како подкаст или шоу), оваа можност е за вас. Иако може да звучи едноставно, постојат многу фактори кои треба да се разгледаат за да се процени дали таа нова содржина ќе има публика, какви ресурси би била потребни, и колку време и пари ќе се вложат. Програмата Validation Booster е дизајнирана да ве научи како да ја развиете и истражите вашата идеја како посебен бизнис“, изјавуваат од Western Balkans Media for Change.

Validation Booster е интензивна програма која бара значителна посветеност и време од учесниците. Програмата е поделена на три делови: почетни три работилници кои ги запознаваат учесниците со потребните алатки, период на истражување, и завршни семинари за сумирање на резултатите.

Рокот за аплицирање е до 1 август 2024 година, до 23:59 часот. Програмата ќе трае од октомври 2024 до февруари 2025 година.

Повеќе информации на линкот.

Најново

Последни колумни