Отворањето на изложбата „Сè што ни е заедничко“ во МСУ ќе може да се погледне со кустос водич

Вечерва, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје, се отвора шестата по
ред меѓународна изложба „Сè што ни е заедничко“. Кураторкa на изложбата е Јованка
Попова.
Уметници чии дела ќе бидат изложени на поставка се: Дарко Алексовски (С.Македонија) ,
Мерием Бенани (Мaроко/САД) и Ориан Барки (Израел/САД), Јакуп Фери
(Косово/Холандија), Игор Грубиќ (Хрватска/Италија), Капвани Киванга (Канада /Франција),
Илија Прокопиев (С. Македонија/Словенија), Зорица Зафировска (С.Македонија), Дриант
Зенели (Албанија/Италија) и Лана Чмајчанин (Босна и Херцеговина/Австрија).
На самото отворање ќе присуствуваат уметниците Игор Грубиќ, Јакуп Фери, Дарко
Алексовски и Зорица Зафировска, а кустос водичот Бојана Јанева ќе има музејска тура за
присутните посетители.
Фокусот на уметниците, пресликан во делата е потрага по заемни мрежи на поддршка,
исклучително потребни во состојби на општа несигурност, со намера да го отстранат
прекаријатниот општествено конструиран дискурс и неговите манифестации во контекст
на глобалните сегашни и историски неправди.
„Изложбата третира теми од низа историски и современи случувања, вклучувајќи
глобални конфликти, родова експлоатација, колонијализам, расизам, нехуман третман
кон мигрантите, суровост врз животните, здравствени кризни состојби, индивидуални и
колективни состојби на кршливост и кревкост. Ставен е нагласок на тоа како овие
настани, процеси и ситуации продуцираат нееднаква динамика на моќ, насилство и
штета врз маргинализираните, но и потреба да се најде начин за излез надвор од
рамките на личното и политичкото затвореништво“, вели кураторката Попова.
Изложбата го нагласува и сомнежот кон апсолутизмот на антропоцентризмот како
масовно моќен концепт, а и кон специфичните истории на неправди што ги крие.
Политички и чувствено ги открива сложените вкрстени мрежи на ранливост и вина што
постојат меѓу нас, другите видови и меѓу луѓето од минатото, сегашноста и оние кои
допрва доаѓаат.
Во она што се нарекува шок од антропоцентричност, уметниците размислуваат за
генерирање на нови политички аргументи, нови наративи, нови јазици и нови начини на
уметничко ангажирање, за итно преиспитување на човечкиот и нечовечкиот живот надвор
од воспоставените стандарди за вреднување и однесување.
Како резултат на тоа, изложбата има за цел да го истражи „колаборативниот опстанок“
развиен преку уметнички дела во кои антропоцентричното размислување се помирува во
имагинација и наратив за преживување, следејќи различни форми на поврзување,
зависности и симбиози за заемно спасување.
Истовремено, ја испитува грижата како интимна врска што ги вкрстува социјалното и
политичкото, субјективноста и солидарноста во рамките на емоциите, политиката,
екологијата и заедницата.

По отворањето со диџеј сет ќе настапи Мартина Пенева.
Изложбата е финансиски поддржана од Министерство на култура на Р.С.Македонија и
Тиквеш.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни