Откриени пет типови на спиење: Новото истражување го руши митот за раното будење

Ново истражување открива дека постојат пет типови на спиење и дека раното будење не е секогаш поврзано со подобро здравје.

Долго време луѓето се делат на „ранобудници“ и „ноќни птици“, но ново големо научно истражување покажува дека навиките за спиење се многу покомплексни. Резултатите укажуваат дека не постојат само две групи, туку пет различни типови на спиење, а врската меѓу раното будење и доброто здравје не е толку едноставна како што се мисли.

Истражувањето објавено во списанието Nature Communications покажува дека нашата биолошка ритмика е разновидна и дека времето кога сме најбудни или најуморни зависи од комбинација на генетски, животни и средински фактори. Научниците анализирале податоци од повеќе од 27.000 возрасни лица, користејќи мозочни снимки, прашалници и медицинска документација.

Резултатите откриваат дека постојат различни профили на спиење, со различни предности и ризици. Некои ноќни типови можат да покажат подобри когитивни способности, но истовремено да имаат поголем ризик од нездрави навики или емоционални потешкотии. Од друга страна, дел од раните типови навистина имаат подобро здравје, но кај други раното будење е поврзано со психолошки проблеми, вклучително и депресија.

Истражувачите нагласуваат дека не постои универзална „совршена“ рутина на спиење која важи за сите. Секој човек има свој биолошки ритам, а здравјето зависи од сложена интеракција меѓу генетиката, животниот стил и околината. Овие наоди го менуваат традиционалното гледиште дека раното будење секогаш значи подобро здравје и покажуваат дека индивидуалните разлики играат клучна улога.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни