Откриени мешани популации на македонскиот и балканскиот мраморец во Дојран

Научници потврдија дека во Дојранското подрачје постојат мешани популации на македонскиот мраморец (Triturus macedonicus) и балканскиот мраморец (Triturus ivanbureschi), како и нивни хибриди.

Македонскиот мраморец е ендемичен балкански вид водоземец, кој најчесто живее во или во близина на бари, локви и други водни тела. Генетските анализи покажуваат дека Дојран претставува зона на хибридизација меѓу двата вида, што го прави ова подрачје особено значајно за понатамошни истражувања.

Според експертите, деталното проучување на овие популации е од клучно значење за разбирање на нивната динамика и за идната заштита на видовите. Ова е особено важно за балканскиот мраморец, кој е класифициран како национално загрозен вид според Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN).

Хибридизацијата меѓу двата вида, доколку продолжи, може дополнително да ја намали дистрибуцијата на загрозениот балкански мраморец, предупредуваат научниците.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни