Освои злато, па доби дијамантски прстен: Ново запросување на Олимписките игри

Магичните моменти за Хуанг Јакионг, која го освои златото во бадмингтон на Олимписките игри во Париз не завршија со добивањето на медалот. Нејзиниот партнер, Лиу Јучен ја запроси само неколку миути откако таа се симна од подиумот.

Видеото од Лиу Јучен како клекнува за да ја запроси Хуанг Јакионг стана вирално на интернет и доби пораки за поддршка од целиот свет.

Таа беше навистина изненаден и среќна и го прифати прстенот на нејзиниот партнер.

„Запросувањето беше навистина изненадувачко бидејќи се подготвував за игрите, не мислев на тоа“ изјави Хуанг и додаде дека прстенот одлично ѝ стои на раката.

Ова е второ запросување помеѓу спортистите на Олимписките игри, откако претходно тоа се случи во аргентинскиот камп, каде што ракометарот Пабло Симоне ја запроси хокеарката на трева Пилар Компој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни