Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави дека повеќе од 20 лица се осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животите ги загубија 59 луѓе, а над 150 се повредени.
Според него, во полициската станица се приведени околу 15 лица, меѓу кои има и поранешни функционери од Министерството за економија и Дирекцијата за заштита и спасување.
Дел од осомничените се меѓу починатите, а четири лица се во болница, меѓу кои два члена на бендот, синот на сопственикот на дискотеката и управителот на локалот.
Истражните органи продолжуваат со собирање докази, а се најавуваат и нови приведувања во наредните денови.