Осомничени 20 лица за трагедијата во Кочани, дел од нив поранешни функционери и државни службеници

Според него, во полициската станица се приведени околу 15 лица, меѓу кои има и поранешни функционери од Министерството за економија и Дирекцијата за заштита и спасување.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави дека повеќе од 20 лица се осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животите ги загубија 59 луѓе, а над 150 се повредени.

Според него, во полициската станица се приведени околу 15 лица, меѓу кои има и поранешни функционери од Министерството за економија и Дирекцијата за заштита и спасување.


Дел од осомничените се меѓу починатите, а четири лица се во болница, меѓу кои два члена на бендот, синот на сопственикот на дискотеката и управителот на локалот.

Истражните органи продолжуваат со собирање докази, а се најавуваат и нови приведувања во наредните денови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни