Осмото издание на книжевно-мултимедијалниот фестивал АrtАreа/Артерија во Буква

За време на трите фестивалски денови ќе има неколку книжевни промоции, изложба на фотографии, два музички настани и еден краток документарен филм

Осмото издание на книжевно-мултимедијалниот фестивал АrtАreа/Артерија ќе се одржи во кафе-книжарница Буква од 20 до 22 септември.

За време на трите фестивалски денови ќе има неколку книжевни промоции, изложба на фотографии, два музички настани и еден краток документарен филм.

Комплетна програма на фестивалот:

20.09.2024

Изложба на фотографии: „Траги на времето“, Наташа Гелева Лени

19:00 часот – Разговор за книгата: „Градоначалникот на Хипнополис“ од Владимир Мартиновски и Лидија Капушевска-Дракулевска (Бегемот, 2024); со В. Мартиновски и Л. Капушевска-Дракулевска разговара Владимир Јанковски

20:00 часот- Џез концерт – Филип Букршлиев, Благојче Томевски и Дориан Јовановиќ

 21.09.2024

18.00 часот– Разговор за книгата за деца „Најмалиот џин Џуџо и најголемото џуџе Џино“ од Николина Андова Шопова и Наталија Лукомска (Бегемот, 2024); разговараат Николина Андова Шопова, Наталија Лукомска и Ѓоко Здравески

19.00 часоѕ– Разговор за книгата: „Зентрифуга“ од Иван Шопов (Бегемот, 2024); со Иван Шопов разговара Калина Малеска

20:00 часот – Разговор за книгата: „Земја без залез“ од Марија Андријашевиќ (Сплит, Хрватска) (Бегемот, 2024); со Марија Андријашевиќ разговара Владимир Јанковски

21:00 часот– Музичка програма со DJ Шурбе 

22.09.2024

19:00 часот– Разговор за книгата: „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски (Бегемот, 2024); со Ѕвездан Георгиевски разговараат Васко Маглешов и Иван Шопов

20:00 часот – 120 години Гомбро, разговор за книгата „Маскарада“ од Витолд Гомбрович (Бегемот, 2024); разговараат Филип Димевски и Бранко Тричковски

21:00 часот- Проекција на краток документарен филм за Витолд ГомбровичФестивалот е поддржан од Министерството за култура на РСМ и преведувачката мрежа Традуки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни