Ослободени сите 20 заложници киднапирани од Хамас

Уште една група од 13 израелски заложници беше ослободена утрово од страна на палестинската воена групација Хамас.

Претходно, седум заложници, меѓу кои и српскиот државјанин Алон Охел, беа ослободени според договорот за прекин на огнот меѓу израелските сили и Хамас.

Израелската армија потврди, како што објавија медиумите, дека Црвениот крст ја информирал армијата дека пред некое време зела 13 заложници од Хамас во јужниот дел на Газа.

Истовремено и Израел почна со ослободување палестински затвореници согласно договорот за прекин на огнот во Газа, соопшти Канцеларијата за медиуми на затворениците.

Канцеларијата соопшти дека денеска автобуси со ослободени затвореници тргнале од затворот Офер, западно од Рамала, кон градот Беитуниа на окупираниот Западен Брег.

Автобуси со ослободени затвореници, исто така, тргнале и од затворот Негев во јужен Израел, на пат кон Газа, соопшти Канцеларијата.

Трамп во Израел додека се случува размената

Додека трае размената на заложници и затвореници во Израел пристигна американскиот претседател Доналд Трамп кој беше пречекан со највисоки почести од Израелците.

Трамп ќе се обрати пред парламентот, по што ќе отпатува за египетскиот Шарм ел Шеик на самит на светските лидери за прекин на војната во Газа

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни