Ослободени 38 киднапирани од црква во Нигерија, околу 50 ученици успеале да избегаат од вооружена група

Ослободени 38 лица киднапирани од црква во Нигерија, а околу 50 ученици успеале да избегаат од вооружена група. Инцидентите се дел од серија напади врз училишта и верски објекти во земјата

Во нигериската држава Квара денеска беа ослободени 38 лица кои минатата недела беа киднапирани за време на служба во христијанска црква, соопшти гувернерот Абдулрахман Абдуразак. Нападот се случил минатиот вторник, кога вооружена група влегла во Христовата апостолска црква, убила најмалку две лица и киднапирала десетици верници, по што исчезнала во густата шума, пренесува „Ројтерс“.

Во одвоен случај, околу 50 ученици од вкупно повеќе од 300 киднапирани минатата недела од католичкиот интернат „Света Марија“ во Папирија успеале да избегаат, соопшти Христијанската асоцијација на Нигерија (CAN).

Од интернатот биле одведени 315 ученици и наставници, а нападот се случил во западниот дел на земјата, во близина на главниот пат што ги поврзува градовите Јелва и Моква. Според CAN, меѓу киднапираните имало 303 ученици и 12 наставници.

Католичката бискупија Контогора претходно информираше дека еден службеник за обезбедување бил тешко ранет за време на нападот.

Овие инциденти доаѓаат само неколку дена по друг напад, на 17 ноември, кога вооружени напаѓачи киднапираа 25 ученички од средно училиште во покраината Кеби, околу 170 километри од Папирија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни