Ослободен од притвор синот на норвешката принцеза

Мариус Борг Хојби, синот на норвешката принцеза Мете-Марит, е ослободен откако помина една недела во притвор под сомнение дека извршил сексуални престапи.

Полицијата утрово објави дека нема да бара дополнителен истражен притвор за најстариот син на престолонаследничката, принцезата Мете-Марит.

Во моментов веќе не постои препознатлива опасност доказите да бидат отстранети, велат тие. Тие најавија и дека истражуваат натамошен можен сексуален прекршок, без да дадат повеќе детали.

Адвокатот на Хојби, Ојвинд Братлиен, изјави дека неговиот клиент ќе биде ослободен во текот на денот и тврди дека било погрешно воопшто да се стави Хоиби во истражен притвор.

На Хојби му беше одреден еднонеделен притвор во средата минатата недела. Пред тоа, се појавија нови обвинувања против 27-годишникот во врска со два наводни сексуални престапи – тие се најсериозните обвинувања против него до сега и потенцијално може да резултираат со неколку години затвор. Хојби ги отфрли овие наводи.

Од летото до него беа упатени неколку обвиненија, меѓу кои и напад на поранешни партнери и нанесување имотна штета, од кои некои и тој ги призна.

Мариус Борг Хојби е најстариот син на Мете-Марит и посинок на престолонаследникот Хакон. Иако припаѓа на кралското семејство, тој не ја носи титулата принц и не е официјален член на норвешкото кралско семејство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни