Оштетен мост и поплавени куќи и ниви по синоќешните врнежи

ЦУК излезе со најнови информации за состојбата со обилните врнежи на територијата на Македонија со пресек на состојбите до 9.00 часот

Центарот за управување со кризи излезе со најнови информации за состојбата со обилните врнежи на територијата на Македонија со пресек на состојбите до 09:00 часот утрово.

Демир Хисар

Поради оштетување на мост на Боишка Река на локалниот пат кон с. Мренога, сообраќајот е затворен. ЈП „Комуналец“ интервенира во нас. Мургашево со проширување на речното корито. Пријавено е излевање на реката кај с. Обедник и меѓу селата Обедник и Смилево. За состојбата постапуваат РЦУК и ЕЛС Демир Хисар.

Ресен

Поплавени се земјоделски површини, дворови, куќи и магацини. Нивото на Голема Река е зголемено. ЈП и ЕЛС Ресен интервенираат со пумпи и градежна механизација за исцрпување и расчистување. ТППЕ Ресен учествува во испумпување на вода од подруми.

Крушево

Водата за пиење е заматена и се препорачува превривање. Реката Црна е со зголемено, но стабилно ниво. ЈП „Комуна“ ги зајакнува насипите. Се следи состојбата на Крушевска Река во координација со Општина Кривогаштани.

Долнени

Во с. Лажани пријавена е штета на двор и приземни простории. Во с. Пешталево има поплави поради неисчистени канали. Интервенирано е со градежна механизација.

Охрид

Излеана е реката Сушица на повеќе локации со поплавени дворови и подруми. Кризниот штаб и ЈП Охридски Комуналец интервенираат со механизација, насипување и проширување на коритото. Кај с. Вапила реката Далјан го оштетува патот под мостот и се врши заштита со механизација. Евидентирано е и свлечиште кај Лескоец – Скребатно.

Струга

Поплавени се дворови и куќи во Мислешевски пат, с. Мислешево и с. Калишта. ТППЕ Струга интервенира со пумпи, а е ангажирана и градежна механизација. Општина Струга е известена за состојбата.

Дебар

Реката Радика има зголемено, но стабилно ниво. Патните правци се проодни. Се расчистуваат помали одрони од страна на надлежните служби.

Кичево

Реките Зајашка и Треска имаат зголемени водостои, но се под нивото на излевање. Критична е улица Прилепска. Се расчистуваат канали и коритото на Зајашка Река со градежна и тешка механизација. Околу 150 лица се евакуирани и сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде се згрижени од Општината и ЦК Кичево.

Гостивар / Тетово

На патот Тумчевиште – Чегране има вода на коловозот и патот е небезбеден. Известени се ПС Гостивар, ПС Чегране и Општина Гостивар.

Останати региони

Состојбата е стабилна со зголемени водостои, но без излевања и нарушувања.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни