Орбан се закани: Можно е да ја прекинеме струјата за Украина

Орбан предупреди дека Будимпешта може да ги запре испораките на електрична енергија по прекинот на дотокот на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не ја исклучува можноста Унгарија да ги прекине испораките на електрична енергија за Украина, по прекинот на дотокот на руска нафта за Унгарија преку нафтоводот „Дружба“.

Орбан истакна дека до сега избегнувал таков потег поради загриженоста за етничките Унгарци кои живеат во Украина.

„Наш непријател не е украинскиот народ, туку нивните лидери кои ја свртуваат Украина против нас“, изјави Орбан.

Тој предупреди дека актуелната ситуација ја доведува во прашање енергетската соработка меѓу двете земји, откако снабдувањето со руска нафта преку нафтоводот „Дружба“ беше прекинато.

Изјавата на Орбан доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Будимпешта и Киев, поврзани со енергетските прашања и политичките несогласувања.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни