Орбан сака да биде домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина

Путин истакна дека со задоволство би одржал состанок во Будимпешта доколку страните се согласат

Ставот на Унгарија кон конфликтот меѓу Украина и Русија е јасен, и кога ќе се одржи Самитот за мир во Будимпешта, ќе направиме сè за да биде успешен, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан по средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

„Како соседи на конфликтот, го гледаме неговото влијание секој ден, врз семејствата и врз нашата економија. Ставот на Унгарија е јасен. Сакаме мир и сме подготвени да бидеме домаќини на разговори што можат да го доведат до реализација. Кога ќе се одржи Самитот за мир во Будимпешта, ќе направиме сè што можеме за да го обезбедиме неговиот успех. Унгарија секогаш ќе работи за мир“, напиша Орбан на својот профил на X.

Унгарскиот премиер денеска во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, кој рече дека американскиот претседател, Доналд Трамп, го предложил одржувањето на разговорите меѓу Русија и САД во Унгарија, објавија руските медиуми.

„Тој веднаш рече: „Имаме добри односи со Унгарија – вие имате добри односи со Виктор, а и јас ги имам – еве, ја предлагам оваа опција“. Секако, со задоволство би се согласиле“, рече рускиот претседател.

Путин истакна дека со задоволство би одржал состанок во Будимпешта доколку страните се согласат и додаде дека Москва е свесна за избалансираниот став на Унгарија за Украина.

„Ви благодарам што толку брзо реагиравте на можноста за состанок меѓу мене и претседателот на САД во вашата земја“, рече Путин.

Орбан, од своја страна, изјави дека е подготвен да обезбеди платформа за преговори.

„Се надеваме дека неодамна објавените мировни иницијативи на крајот ќе доведат до овој мир“, рече Орбан на прес-конференција во Кремљ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни