Орбан го свика Советот за одбрана откако во Србија беа пронајдени експлозиви

Орбан објави на социјалните мрежи дека имал телефонски разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ

Вонредна седница на Советот за одбрана за денеска попладне свика унгарскиот премиер Виктор Орбан откако српските власти пронајдоа експлозиви и средства за нивно активирање на критичната гасна инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија.

Орбан објави на социјалните мрежи дека имал телефонски разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Тукушто го завршив телефонскиот разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ. Српските власти пронајдоа моќна експлозивна направа и средства за нејзино активирање на критичната гасна инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија. Истрагата е во тек. Свикав вонреден совет за одбрана за денеска попладне“, напиша Орбан на својот Фејсбук профил.

Претходно денеска и Вучиќ објави дека разговарал со Орбан за првите резултати од истрагата на српските воени и полициски власти во врска со заканата за критичната гасна инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија и објави дека се пронајдени експлозиви со разорна моќ и фитили потребни за нивно активирање.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни