Општо затемнување во Ирак – целиот електричен систем престана да работи

Ирак доживеа целосен прекин на електричната енергија во сите провинции, а властите најавуваат постепено враќање на електраните и далекуводите во функција

Ирак доживеа општо затемнување, соопштија локалните власти, без да се наведат точните причини за прекинот на електричната енергија.

„Електричната мрежа е целосно во застој во сите провинции на Ирак“, соопшти Министерството за електрична енергија, пренесе агенцијата INA.

Министерството додаде дека електраните и далекуводите ќе бидат постепено повторно вклучени, за да се врати нормалното снабдување со електрична енергија низ земјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни