Општина Центар исчистена – акција до доцна во ноќта

Во рамки на редовните акции за хигиена, Општина Центар беше исчистена до доцна во ноќта. Екипите продолжуваат со работа и денеска, низ сите населби.

Синоќа, улиците на Општина Центар беа темелно исчистени и измиени во рамки на акција за унапредување на јавната хигиена. Екипите на општината заедно со градоначалникт Горан Герасимовски работеа до доцна по полноќ, расчистувајќи ги преполнетите контејнери и отстранувајќи го расфрланиот отпад од тротоарите, паркинзите и јавните површини.

Просторите околу контејнерите беа целосно исчистени, а неколку критични точки добија и дополнително миење, со цел да се врати редот и хигиената во секојдневието на граѓаните.

Оваа акција е дел од континуираните напори на Општина Центар за одржување на чиста и уредна урбана средина. Од почетокот на годината, во општината редовно се спроведуваат акции за чистење под мотото „Центар не чека, Центар чисти“, кои опфаќаат јавни површини, маалски улици и зеленило.

Како што беше најавено, екипите и денес продолжуваат со работа на терен, покривајќи нови делови од општината. Акциите ќе продолжат и во наредните денови, со цел целосна покриеност на сите населби.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни